Loading Video...
Свет
30. October 2020 - 19:58

Расте бројот на заразени во цела Европа и регионот

Словенија останува под строгите антиковид мерки и следната недела. Проценките на епидемиолозите велат дека бројот на новозаболени ќе продолжи да расте објасни премиерот на Твитер. На сила остануваат ноќниот полициски час, движење меѓу општините и собириње на повеќе од 5 лица. Новина е идната недела нема да има он лајн настава, учениците и студентите ќе бидат на распуст.  Детските градинки ќе бидат отворени за децата на вработените во важни услуги. 1798 нови случаи и рекордни 23 починати е последната ковид статистика на Словенија.

Рекорден број починати во еден ден, 21 пријави и БиХ. Во Хрватска починаа 20 лица. Поостри мерки низ цела Грција вечерва ќе објави премиерот, откако три дена по ред се регистрирани по над 1000 нови случаи. А од утринава стапи на сила мини карантин во црвената зона, во која е и вториот по големина град Солун. Тоа значи затворање на кафулињата, рестораните, кината, театрите, судовите, археолошките локалитети, музеите и теретаните, но остануваа отворени продавнциите и училипштата.

Како потег во борбата против ширењето на коронавирусот Белорусија одлучи да ги затвори своите копнени граници.

Над 45 милиони заразени со коронавирус се регистрирани во светски рамки, вклучувајќи преку 1,18 милиони смртни случаи обајви СЗО. Лидерите воведуваатстроги рестриктивни мерки. Паралено продолжува и трката за ковид вакцина и пргонозите кога би имало безбедна и ефективна вакцина. Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека врз основа на проекциите на производителите на вакцини Модерна и Фајзер, за Американците со висок ризик првите дози на безбедна и ефикасна ковид вакцина најверојатно ќе бидат достапни кон крајот на декември или почетокот на јануари.

Бројот на заразени во еден ден во Соединетите држави надмина 90 000. Тајван пак се пофали дека нема нов случај веќе 200 дена.