Расте бројот на новозаразени во Дебар, денеска нови шест случаи
Расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во Дебар, каде во последното деноноќие се регистрирани нови шест случаи, со што бројката на заразени само во изминатите осум дена од овој месец се искачи на 21 лице.
Од почетокот на пандемијата, на крајот од месец февруари, досега, во Дебар, заедно со општина Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива Работната единица на Центарот за јавно здравје, регистрани се 216 заразени со вирусот.
Од вкупната бројка, пак, во првата фаза се 51, додека остантите 165 се од втората фаза, односно од петти јуни, кога болеста повторно се врати на ова подрачје.
Битката со вирусот ја добиле 84 лица, починаа седум, четири лица од Дебар и три од Центар Жупа, додека активни на болеста се 125 лица, од кои десеттина се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје.
-Како што и предупредивме ете новозаразени имаме речиси секојдневно, зашто и понатаму целосно не се почитуваат препораките за заштита. Апелот и понатаму останува за строго почитување на препораките. Не бараме многу од граѓаните и деловните субјекти, само поголема будност и строго почитување на мерките и протоколите, со што се заштитуваат себеси, најблиските, соседите, пријателите, порачуваат од општинскиот Оперативен штаб.
Според статистичките податоци на дебарското одделение за внатрешни работи, пак, во изминатото деноноќие на пет лица им се издадени прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.
Ново на Сител
-
Не се срамев од работа, успеав на село со свој бизнис | Сања Димковска | Sitel Podcast 041
-
Тројно убиство во Србија: 22 годишник со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата
-
МЗ: Владата усвои информација за состојбата во хируршките клиники, се укажува да се замени опремата на централната компресорска станица со нова
-
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром