-->
-->
Расте бројот на новозаболени лица со Ковид-19 и во Словачка
-->
Словачка денеска пријави најголем дневен пораст на инфицирани лица со новиот коронавирус од 22 април, додека пандемијата повторно се шири во земјата.
Словачка имаше најниска смртност од новиот коронавирус и избегна висок пораст на позитивни случаи како што имаа нејзините западни соседи од почетокот на епидемијата.
Засега нема информации дали Словачка повторно ќе воведе ограничувања.
Највисокиот дневен пораст во Словачка беше забележан кон средината на април, односно 114 позитивни случаи на Ковид-19.
Словачка беше меѓу првите земји што воведе строги мерки за заштита од новиот корнавирус во март, што помогна да се задржи мал број на позитивни случаи, но повеќето од мерките досега се намалени.
Во Словачка се регистрирани вкупно 1.851 случај, од кои 1.477 лица оздравеле, а починале 28 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден
-
Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи
-
Нема подолги задржувања на граничните премини
-
Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес