Балкан
10. August 2016 - 18:25

Расте бројот на албански граѓани баратели на азил во Германија

Во последните три месеци забележан е зголемен број на албански граѓани кои заминале во Германија и побарале азил.

- Официјалните бројки објавени од германското Министерство за внатрешни работи потврдуваат дека во во месец јули годинава барање за азил доставиле 1.599 албански граѓани. Споредено со месеците мај и јуни има зголемување на бројот на баратели. Во мај за азил аплицирале 1.095 а во јули 1.534 албански граѓани, пишува порталот Албеу, пренесува дописникот на МИА од Тирана.

Според истиот извор, она што паѓа во очи е тоа дека во јули освен Албанија нема друга држава од Балканот, чии граѓани побарале азил.

Списокот на баратели на азил го предводи Сирија со 22.574, потоа е Авганистан со 16.229 и Ирак со 9.175. Албанија е на осмото место.

Во текот на јули во Германија азил побарале вкупно 53.008 албански граѓани.