Раст од 4,2 отсто на извозот на стоки во периодот јануари-ноември 2019

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – ноември минатата година, изнесува 6.627.763.000 долари и бележи пораст од 4,2 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8.589.760 илјади долари, што е за 3,5 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 1 961.997.000 долари, објави денеска Државниот завод за статистика.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 77,2 процента.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот, пак, се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.
Во периодот јануари – ноември минатата година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, нашата држава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.
Ново на Сител
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
-

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
