Раст на популарноста на Меркел поради „факторот Трамп“
На осум месеци пред федералните избори во Германија популарноста на канцеларката Ангела Меркел е во нагорна линија, а нејзините соработници, со мала доза на шега, објаснуваат дека за тоа влијание има и „факторот Трамп“.

Советниците на Ангела Меркел сметаат дека за скокот на популарноста, која минатата зима, во време на врвот на мигрантскарта криза, беше на најниската можна точка, таа сега во еден дел треба да му заблагодари на новиот американски претседател, пренесува „Гласот на Америка“.
Според податоците на одделни анкети, Меркел во моментов има поддршка од 74 отсто, што е многу повеќе од останатите европски лидери.
Во текот на предизборната кампања во САД, Трамп ја осудуваше Меркел заради приемот на бегалци од Блискиот исток, наведувајќи дека тоа ќе ја уништи Германија, иако во една прилика ја нарече и „неговиот омилен светски лидер“.
Пред една година Трамп рече дека германскиот народ ќе ја отфрли Меркел, но, како што се чини, овие предвидувања доведоа до спротивен ефект во Германија.
Неодамнешните анкети покажаа дека речиси 60 отсто од Германците сега сметаат дека земјата може да излезе на крај со бегалците, а популарноста на канцеларката нарасна и по одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската Унија, и тоа за цели девет отсто.
Ново на Сител
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
