Раст на извозот од 6,4 отсто во првите осум месеци

Вкупната стоковна размена на Македонија со странство од јануари до август годинава изнесува 7.505.321 илјади американски долари. Најмногу се тргувало со Германија.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, извозот на стоки изнесува 3.112.569 илјади американски долари и бележи пораст од 6,4 отсто во однос на тој период од претходната година, додека вредноста на увезената стока изнесува 4.392.752 илјади долари што е за 6,2 отсто повеќе во споредба со тој период лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2016 година, изнесува 1.280.183 илјади американски долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 70,9 отсто.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-август 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.
Ново на Сител
-

Цената на нафтата расте по обраќањето на Трамп за Иран
-

НАСА ја лансираше мисијата Артемис II, прв лет со екипаж кон Месечината по повеќе од половина век
-

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу брзо, исклучително силни напади во наредните недели
-

Возел во спротивна насока, а кога бил запрен му се заканувал на полицискиот службеник, приведен вработен во МВР
-
Без струја делови од Илинден, Кисела Вода и Центар
-
Облачно со дожд, на повисоките местa и снeг
-

Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции
