Бизнис
21. November 2025 - 13:09

Раст кај потрошувачки и станбени кредити, пад кај автомобилските кредити

Во октомври се бележи годишен раст на вкупните депозити од 11,8 проценти, како и на вкупните кредити за 12,1 процент. Порастот на вкупните депозити, пред се, се должи на растот на депозитите кај домаќинствата, а растот кај кредитите произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор.

Физичките лица најмногу земале потрошувачки и станбени кредити и кај нив е забележан годишен раст соодветно од 10,2 проценти и 16,1 проценти.

Кај автомобилските кредити се бележи намалување на годишно ниво од 1,9 проценти.

Пад на годишно ниво бележат и кредитите одобрени на кредитни картички.

 

МИА