Расправата за Финансискиот план на МРТ продолжува попладнево
Пратениците денеска во рамки на 91. седница ја продолжија расправата по Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2016 година.
Рената Дескоска од СДСМ најави дека нема да го поддржат годишниот финансиски план на МРТ бидејќи, како што рече, таа не ја врши својата функција да обезбеди вистинито, целосно, непристрасно и навремено информирање.
- Ако го погледнеме односот квалитет на програмите, степенот на објективност и пристрасност МРТВ излегува многу скапа телевизија, рече Дескоска и додаде дека за 2016 година предвидени се 21 милион евра за трошоци за МРТВ.
Јасминка Дамческа од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека СДСМ има намера за разнебитување на Македонската радио телевизија како национален сервис и институција од која зрачи чистиот македонски збор.
- Во периодот од 2002 до 2006 година отпуштивте 292 вработени од МРТ, луѓе кои не мислеа како вас, прогласувајќи ги за технолошки вишок. Ги распуштивте оркестрите, хоровите, ги укинавте детските емисии, ја разнебитувавте Македонската телевизија, потсети Дамческа.
Оваа Влада, како што рече, вложува доста средства во Македонската радио телевизија.
Според пратениците од владејачкото мнозинство, МРТ денес нема долгови, за разлика од порано, а нејзината независност, како што истакнаа, не оди со укинувањето на радио дифузната такса, која беше воведена во времето на СДСМ и чија висина беше многу поголема од онаа која е денеска.
Соња Миракоска од НСДП рече дека се работи за буџет на МРТ од 1.291.700.000 денари од кои 66 отсто се од радио дифузна такса на граѓаните, над 18 отсто се средства од буџетот на Република Македонија и по два отсто се од Министерството за информатичко општество и администрација и од Министерството за култура и останати приходи кои ги има.
- Сметаме дека концепцијата мора да се промени. Пред се мора тоа да стане една независна куќа во која уредувачката политика и менаџирањето ќе го водат луѓе кои се професионалци, рече Миракоска.
Пратениците ќе продолжат со расправата за Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2016 година во 15.30 минути.
Претпладнево, Собранието на Република Македонија ја одржa 94. седница на чиј дневен ред беа 22 законски решенија, сите во второ читање.
Ново на Сител
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски