Бизнис
9. September 2016 - 16:07

Распишан третиот оглас за доделување грантови за самовработување

Последен оглас за самовработување оваа година. Ресорната агенција ги повикува невработените, да се пријават за неповратни средства за самовработување.

Се нудат грантови во вид на опрема и репроматеријали во вредност од 3000 евра за отарање сопствен бизнис во кој може да се вработуваат и дополнителни лица.

За овој оглас предвидени се 100 грантови за што се обезбедени 20 милиони денари, со што во текот на оваа година вкупната бројка на грантови ќе достигне 1010.

Директорот на агенцијата за вработување порачува дека може да се аплицира со идеја за речиси секаков вид бизнис, со исклучок на земјоделство и такси превоз.

- Во изминатите години се отворени  мали бизниси во различни области како услуги, производство, градинка, игротеки, пекари, работилници, услужни дејности од областа на софтвер и софтверски материјали, рече Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.

Од агенцијата посочија дека од стартот на проектот, во 2007-та, формирани над се 8.100 компании, а над 70 проценти од нив се уште активни.