Македонија
28. April 2017 - 12:22

Распишан конкурсот за државната награда „11 Октомври“

Министерството за култура денеска информира дека е распишан конкурсот за државната награда  „11 Октомври“.

Конкурсот трае од 1 до 31 мај 2017 година. Освен во јавните гласила, конкурсот е објавен и на веб-страницата на Министерството за култура.