Џет-Сет
11. November 2017 - 10:34

Раскинуваат Александра и Филип – причината е неверојатна!

Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиното момче Филип Живоиновиќ опасно се скарале, па нивната врска е под знак прашање.Причината за недоразбирањето е банална.

Имено Филип подогло време ја убедува пејачката да го продаде својот стан во Белград и да се пресели во вилата на семејството Живоиновиќ на Бежаниска коса, што таа никако не сака да прифати.

Според пишувањата на медиумите, тоа може да ги чини раскинување.

Пријовиќ се пожалила на пријателите дека синот на Боба инсистрира на селидба иако го знае нејзиниот став за тоа.

-На Александра и  е мака од шпекулациите дека живее на сметка на Брена, а општопознато е дека е една од најплатените пејачки на Гранд и дека има многу работа. Кога би се вселила во вилата не би успеала да се испере од разните приказни. Таа е добродојдена во таа куќа и често е таму, но одамна на Филип му даде до знаење дека не сака да се иссели од својот стан-раскажал извор близок на пејачката.