Македонија
24. December 2016 - 18:27

Расказ од Томислав Османли во српско списание за литература

Во новиот триброј на „АКТ“, српско списание за литература, уметност и култура од Ваљево, објавен е расказот „Сонот на Ангеле Богев“ на Томислав Османли, во превод на Зоран Ж. Пауновиќ. 

Тоа е втора објава на расказот во интегрална верзија, откако пред една година беше објавен во хрватското списание „Тема“. Во скратена верзија во 2011 година беше добитник на откуп на Конкурсот за расказ на „Нова Македонија“.

Пред четири години во „АКТ“, списание кое излегува 16 гоини, беше објавен и расказот „Смислата“ од Османли.