Расизмот и шовинизмот влијаат лошо на севкупното здравје
Хроничниот стрес може да го промени мозокот. Соочувањето со расизам, во таа смисла, би можело да го влоши когнитивното (умствено) здравје на црнците, посочуваат новите научни истражувања во САД.
Така, според научници од Универзитетот на Бостон, расната дискриминација и шовинизмот можат да доведат до сериозни здравствени проблеми и нарушување на умствените функции кај жените со потемен тен, се вели во написот објавен во интернет-списанието „Алцхајмерс енд деменша“ (Alzheimer’s & Dementia).
Во испитувањата се вклучени податоци од 17.323 Афроамериканки. Црните жени кои секојдневно се соочуваат со расизам – од институциите, полицијата, во продавница или пак, дома, имаат 2,75 пати поголем ризик од влошено субјективно когнитивно функционирање отколку жените кои доживуваат пониски нивоа на расизам.
Когнитивната функција се однесува на менталниот капацитет на една личност за учење, размислување, расудување, решавање проблеми, донесување одлуки, запомнување и внимание.
– Овие откритија не се неочекувани, затоа што знаеме дека причнителите на стрес се поврзуваат со лоши умствени функции, а искуствата со расизмот се доста голем стрес во животот на Афроамериканците, смета Лин Розенберг, одговорна за истражувањето и професор по епидемиологија на Факултетот за јавно здравје при Универзитетот на Бостон.
Ново на Сител
-
Состанокот на Г7 во Кананаскис, заврши со мислење дека Иран не може да се здобие со нуклеарно оружје, но со несогласувања околу декларацијата за Украина
-
Евакуирана првата група македонски државјани од Израел
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршни зборови на одбраната
-
Руте: НАТО ја исполни својата 11-годишна цел за трошоци за одбрана
-
Сончево и топло, попладне дожд и грмежи
-
ФК Силекс со бесплатен превоз за домашниот натпревар со ФК Дечиќ
-
Маж од Скопје со 1.34 промили алкохол во крвта возел туѓ автомобил во спротивна насока, предизвикал сообраќајка
-
Трамп го свикува Национален совет за безбедност заради Иран