-->
-->
Рашковски целиот имот го префрлил на своите малолетни деца
-->
Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски целиот свој имот го префрлил на име на неговите малолетните деца, дознава Алсат.
Имено, во период од 17-ти декември лани до 21-ви јануари годинава, Рашковски својот имот им го префрлил на своите малолетни деца така што на име на неговите деца се водат стан во Скопје од 65 квадратни метри, и земјиште од 11 илјади квадратни метри во скопската викенд населба Побожје во подножјето на Скопска Црна Гора, каде семејството Рашковски треба да гради хациенда од 800 квадратни метри.
Претходно, судот на Рашковски му определи мерка куќен притвор, бидејќи немал имот на лично име.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
