Рашфорд во Барселона
Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд (27) го напушти Манчестер Јунајтед и ќе ја продолжи кариерата во Барселона, објавија синоќа двата клуба.
Рашфорд пристигна на „Камп Ноу“ на едногодишна позајмица со опција за откуп на неговиот договор за 32,5 милиони евра.
„Многу сум возбуден. Мислам дека тоа е клуб каде што соништата се остваруваат. Тие освојуваат големи титули. А она што го претставува клубот навистина многу ми значи. Затоа се чувствувам како дома“, изјави Рашфорд за Јутјуб каналот на Барселона.
Рашфорд одигра 426 натпревари и постигна 138 голови за Јунајтед во сите натпреварувања, но го загиби местото во првиот тим со доаѓањето на тренерот Рубен Аморим.
Во февруари, Рашфорд беше позајмен на Астон Вила, каде постигна четири голови на 17 натпревари.
„Рашфорд може да игра насекаде во нападот. Тој има одлична техника и е одличен шутер, карактеристики што сега може да ги покаже во дресот на Барса“, соопшти каталонскиот клуб.
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Признавањето палестинска држава е срамно предавање пред тероризмот
-
Милановиќ во ОН: Да се избегнат акции што ја поткопуваат стабилноста на Балканот
-
Мицкоски и Љутков ќе извршат увид во градежни активности на стариот струмички театар „Антон Панов“
-
Муцунски: Во Њујорк ги користиме можностите за афирмација на нашите позиции
-
Сиљановска - Давкова: Гутереш изрази целосна поддршка и солидарност со нас, на средбата со Калас укажав на двојните стандарди на ЕУ
-
Трамп е убеден дека беше саботиран во ОН, бара итна истрага
-
Променливо облачно, попладне дожд и грмежи
-
Најмалку 84 загинати во денешните израелски напади во Газа, соопштија палестински лекари