Рашфорд во Барселона
Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд (27) го напушти Манчестер Јунајтед и ќе ја продолжи кариерата во Барселона, објавија синоќа двата клуба.
Рашфорд пристигна на „Камп Ноу“ на едногодишна позајмица со опција за откуп на неговиот договор за 32,5 милиони евра.
„Многу сум возбуден. Мислам дека тоа е клуб каде што соништата се остваруваат. Тие освојуваат големи титули. А она што го претставува клубот навистина многу ми значи. Затоа се чувствувам како дома“, изјави Рашфорд за Јутјуб каналот на Барселона.
Рашфорд одигра 426 натпревари и постигна 138 голови за Јунајтед во сите натпреварувања, но го загиби местото во првиот тим со доаѓањето на тренерот Рубен Аморим.
Во февруари, Рашфорд беше позајмен на Астон Вила, каде постигна четири голови на 17 натпревари.
„Рашфорд може да игра насекаде во нападот. Тој има одлична техника и е одличен шутер, карактеристики што сега може да ги покаже во дресот на Барса“, соопшти каталонскиот клуб.
Ново на Сител
-
Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Албанската влада ќе ги обнови опожарените куќи, а ќе ги обештети и земјоделците
-
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична против лице од Скопје
-
Приведена скопјанка поради криумчарење шест мигранти од Египет
-
Пожарот во Тетовско и понатаму активен откако се разгоре два часа пред полноќ
-
Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром
-
Путин: Разговорите „се одржаа во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“
-
Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина