Фудбал
15. December 2015 - 16:28

Раниери: Нема пари за кои би ги продале Вари и Махрез

 
 Менаџерот на премиерлигашот Лестер, Клаудио Раниери денеска изјави дека не постои сума за која во зимскиот преоден рок би се откажал од Џејми Варди и Ријад Махрез.
 
Двајцата во досегашните 16 рунди постигнаа вкупно 26 голови и се најзаслужни што Лестер е лидер во Англиското фудбалско првенство.а и има голема заслуга за тоа што "лисици" неочекувано на врвот на табелата, извештаи Агенција Анадолу (АА).
 
- Никој не може да ги купи Варди и Махрез во јануари. Никој нема пари за нив, бидејќи тие немаат цена, изјави Раниери за британските медиуми.
 
Лестер има најдобар старт во Премиер лигата во својата 131-годишна историја, но сепак Раниери се уште вели дека нивната примарна цел е освојување 40 бодови и обезбедување опстанок.
 
- Им реков на играчите, уште пет бода и сигурни сме. Тоа е она што беше зацртано пред почетокот на сезоната, заклучи Раниери.
 
По 16.кола во Премиер лигата Лестер Сити е на врвот на табелата со 35 бода, два повеќе од второ пласираниот Арсенал и три од Манчестер Сити кој е на третата позиција.