Рама: Жал ми е за ЕУ, не сум разочаран
Албанскиот премиер Еди Рама нагласи дека е време да се стави крај на едногласноста во одлучувањето во ЕУ и повтори дека Албанија и Република Македонија „се заложници на Бугарија“.
Ова го изјави премиерот на Албанија во телефонско интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“. Рама рече дека му е „жал“ за Европската унија и дека не е разочаран.
„Тоа беше лош ден за Унијата“, рече тој, „бидејќи се покажа невозможно да се ослободат Албанија и Македонија, заложници на само една земја од ЕУ, Бугарија, која, како и ние, е членка на НАТО“, рече тој. Според него, останатите 26 земји-членки во исто време изгледале беспомошни, со „војна на нивниот праг“.
Запрашан зошто ги држат како заложници, албанскиот премиер објасни дека тоа е „само поради внатрешно-политички прашања, ништо друго“.
На прашањето дали принципот на едногласност во одлучувањето во Заедницата треба да се укине, Рама рече дека „сто проценти“ мисли така.
Свесен сум дека ова е деликатно прашање за земјите-членки, кои имаат своја историја и значење, рече албанскиот премиер, но додаде дека е дојдено време да се отстрани условот за консензус.
Запрашан да одговори дали на Балканот му се заканува влијание на Русија и Кина во овој ќорсокак, Рама рече дека „нема сомнеж дека регионот е слаба точка на континентот во однос на навлегувањето на други елементи“.
„Срамота е што една земја на НАТО, Бугарија, држи во заложништво две други земји на НАТО, имено Албанија и Македонија, среде жестока војна во дворот на Европа, додека 26 други земји од ЕУ молчат, изјави Рама на новинарите при пристигнувањето во Брисел на состанокот на лидерите од Западен Балкан и претставници на ЕУ.
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
