Рама: Заинтересирани сме Северна Македонија да постои
Албанскиот премиер Еди Рама во обраќањето на главната сесија на Вториот самит на албанската дијаспора, што се одржува во Тирана, споменувајќи ги постигнатите успеси во периодот меѓу двата самита, ги спомена постигнувањата на Албанците во Северна Македонија, додавајќи дека без нив нема да ја има земјата, пренесе Топ Чанел ТВ.
-Не само Албанците во Албанија што се подобри денес од она што беа во времето на првиот самит, туку тоа што беше сметано за невозможно за Албанците во Северна Македонија денеска е реалност. Во овој временски период, во парламентот на Северна Македонија се зборува на албански јазик. Ние сме заинтересирани таа држава да постои, да напредува кон евроатлантските интеграции, и Албанците таму да бидат подобри денес и во иднина, отколку што беа вчера. Без Албанците нема да има Северна Македонија, а уште помалку Северна Македонија во НАТО или во ЕУ, изјави Рама.
Тој, исто така, упати апел до Албанците во Туз, Црна Гора, да се обединат и да се откажат од „непотребните непријателства едни со други, за да победат и да раководат во првата албанска општина кај нашиот сосед“.
-Обединете се и не дозволувајте повторно да бидете поразени поради непотребни непријателства, порача Рама.
Потоа го спомна историскиот предизвик пред кој се наоѓа Косово, притоа велејќи дека „најголемиот непријател на Албанците се самите Албанци“.
Ново на Сител
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење
-
Самит на ЕПП во Брисел, неизвесна средба Мицкоски - Борисов
-
Пратенички прашања за опозицијата
-
Од Нова година поскапува струјата