Рама за протестите во Албанија: Ова не е народ, туку малцинство кое бара хаос
Во многу градови во Албанија продолжуваат протестите поради зголемените цени на прехранбените и други производи, како и горивата. Во Тирана синоќа по третпат се протестираше пред владата, а беа блокирани и повеќе патни правци низ земјата меѓу кои и автопатот Тирана-Кукс и Патот на Арбр.
За разлика од првиот ден, на синоќешниот протест дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, интервенираше и единицата за брзо распоредување а повеќе учесници во протестот беа приведени.
По ескалацијата на протестите, реагираше премиерот Еди Рама, од Анталија, каде учествуваше на панелот „ егионални и глобални патишта до мир и просперитет”.
Преку објава на Твитер обвини дека овие протести се „ниски обиди на истите сенки од минатото и оти зад нив стојат прогласените и сè уште непрогласени нон грати” алудирајќи на поранешниот премиер Сали Бериша и актуелниот шеф на државата, Илир Мета.
Според него, граѓаните на протестите не се народот, туку малцинство кое посакува хаос во државата.
– Во ова имаат вмешано рака прогласените и непрогласените нон грати, овие протести се низок обид на истите сенки од минатото, да се манипулираат луѓето со фрлање на скриениот камен во рака! Ова не е народот, туку истото бучно малцинство во потрага по хаос, напиша Рама на Твитер.
Реагираше и Мета кој побара од владата да ги разгледа барањата на граѓаните а полицијата „да се откаже од неправедните апсења и примена на сила врз граѓаните кои го користат нивното право на протест”.
За денеска најавен е масовен протест во Тирана со присуство на граѓани од сите делови на земјата, поради што засилено е обезбедувањето пред државните објекти а вратите на владата зграда се блиндирани.
Ново на Сител
-
Пуштање во употреба на хидросистемот „Ѓавато“
-
Состојба на патиштата
-
Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад
-
Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители
-
Студено наутро, во текот на денот сончево со умерена облачност
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра