Рама во Приштина на средби со државниот врв и партиските лидери
Албанскиот премиер Еди Рама ќе престојува денеска во еднодневна посета на Косово, каде што ќе има средби со водачите на државните институции, како и со лидерите на неколку политички партии.
Според агендата на посетата, првата средба, во 13.15 часот, Рама ќе ја има со лидерот на партијата Социјалдемократска иницијатива (Нисма), Фатмир Лимај, а подоцна ќе има одвоени средби и со претседателите на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Демократската партија на Косово (ПДК), Иса Мустафа и Кадри Весели.
За време на престојот во Приштина, каде што, според најавите, ќе биде придружуван од шефот на албансаката дипломатија, Гент Цакај, Рама ќе се сретне и со претседателот на Косово Хашим Тачи, премиерот Авдулах Хоти и претседателката на Собранието Вјоса Османи.
Средбата со Тачи е закажана за во 18.50 часот, непосредно пред најавеното обраќање до јавноста (во 20 часот) на косовскиот претседател во врска со веста дека против него и лидерот на ПДК Весели, како основачи и водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) е подигнато обвинение пред Меѓународниот суд за Косово.
Дел од косовските медиуми ја толкуваат посетата на Рама како негова поддршка за Тачи и Весели и за другите водачи и припадници на некогашната ОВК.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите