Рама: По Косово, енергетски се поврзуваме и со Македонија
Албанскиот премиер Еди Рама најави дека по ставањето во функција на далновод Албанија – Косово на 14-ти овој месец, следен предизвик за албанската Влада е изградбата на 400-киловолтниот далновод со Македонија.
Шефот на албанската Влада денеска објави дека се почнати активностите за интерконекциската линијата со Македонија, додавајќи дека Албанија е во процес на проширување на енергетскиот пазар и со Италија и Црна Гора.
– Во моментот сме сконцентрирани во реализација на проектот за интерконекциска линија Албанија-Македонија, а само што ја пуштивме во употреба линијата Албанија – Косово, проект што го сметаше мојот претходник за историско право, но се претвори во приказна исто толку болна, колку што е смешна, а потоа блокирана неколку години со ветото на Србија, кое беше тргнато од балканскиот Шенген, рече Рама.
Според него, овој важен развој меѓу Албанија и Косово и од друга страна „проектот со Македонија се дел од низата големи промени што се случуваат“ и претставува „нова фаза во енергетскиот сектор“.
Тој посочи дека друга важна точка во домашниот енергетски сектор е потпишувањето на договорот со САД за изградба на Хидроелектраната „Скавица“ на реката Дрим, на албанско – македонската граница, кај Дебар. Рама е убеден дека со изградбата на „Скавица“ неговата земја ќе стане извозник на елекрична енергија.
Ново на Сител
-

Обилни врнежи низ земјава, најмногу во Претор
-

Белата куќа го брани Трамп откако тој и се обрати на новинарка со „прасенце“
-

Предупредување во Австралија: Циклонот Фина носи разорни ветрови и силни дождови
-

Појава на одрони на патот Делчево - Македонска Каменица
-

Амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите
-

Нетанјаху: Нема да има палестинска држава
-

МЗТ Скопје Аеродром ја совлада Јахорина за трета победа во АБА 2
