Рама: Отворени сме за компромис кој нема да ја загрози суштината на реформите
Реформите во правосудтвото, кои се услов за членство на Албанија во ЕУ, беа главна тема и на средбата на американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд и албанскиот премиер Еди Рама, јави дописникот на МИА.
Рама го изнел ставот дека Владата до последен ден ќе биде отворена за компромис кој не би претставувал закана за суштината на реформите и во истовреме, според оценките на стратешки партнери, е во целосна согласност со заедничката цел за сиздавање достоинствено правосудство за една земја членка на ЕУ.
Како што стои во соопштението од кабинетот на Рама, Нуланд искажала позитини оценки за големите напори на патот за реализација на овие реформи, нагласувајќи дека САД очекуваат сите страни да го заокружат овој процес со успех кој го залужува Албанија и албанскиот народ.
Претходно, Нуланд имаше средби со шефот на дипломатијата Дитмир Бушати и лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија,Љуљзим Баша, кој по разговрите изјави дека опозицијата е отворена за разгово и се залага за компромис, но не се откажува од своите барања кои треба да бидат дел од реформите.
Колку сепак ќе има позитивен ефект престојот на Нуланд, ќе се знае на 21 јули кога на дневен ред на албанскиот Парламент се токму реформите во правосудството.
Ново на Сител
-
Кратери: Мобилизација, време е повторно да покажеме дека сме срцето на Силекс
-
Започнува грејната сезона, апел до граѓаните за навремена подготвеност
-
Седумнаест случаи на труење од штипска сендвичира, кај дел од нив изолирана салмонела
-
Драчево без вода
-
Му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат, уапсени двајца Турци за изнуда | ФОТО
-
Трамп воведе царини за дрвена граѓа и дрвени производи
-
Без вода корисници од објектите на УКИМ
-
Арапски, муслимански и европски држави го поздравија планот на Трамп за Газа