Рама обвини дека ДП била финансирана од Русите, за Баша руската опасност доаѓа од Рама

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по пишувањето на американското списание „Мадр Џонс“ дека лобирањето на албанската опозициска демократска партија го финансирала руска компанија, што го пренесоа и албанските медиуми.
Тој упати критики на адреса на опозициската Демократска партија, која „Русите ја финансирале за време на последните избори“.
- Оваа историја не може така да се затвори. Барам од Јавното обвинителство да покрене обвинение, со цел целосно расветлување, напиша Рама на својот профил на Фејсбук.
Според албанските медиуми, кои се повикуваат на „Мадр Џонс“, поранешниот офицер на КГБ, Евгениј Шерементјев преку наводно непостоечка компанија „Биниата Транде“ во САД уплатил милион долари на сметката на американскиот лобист Ник Музин во корист на албанските демократи за време на ланските јунски парламентарни избори.
Демократскот лидер Љуљзим Баша веднаш ги демантираше ваквите информации, тврдејќи дека не ја познава спомената компанијата.
- Руската опасност доаѓа од Рама. Ова што го прави не е ништо друго, тука обид да се отргне вниманието на јавноста од катастрофалното владеење на Владата, рече Баша.
Инаку, „руска салата“, како што уште го нарекува Рама овој случај, според телевизијата Топ чанел, стана аргумент со кој власта се обидува да ја оцрни опозицијата.
Ново на Сител
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
