Рама обвини дека ДП била финансирана од Русите, за Баша руската опасност доаѓа од Рама
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по пишувањето на американското списание „Мадр Џонс“ дека лобирањето на албанската опозициска демократска партија го финансирала руска компанија, што го пренесоа и албанските медиуми.
Тој упати критики на адреса на опозициската Демократска партија, која „Русите ја финансирале за време на последните избори“.
- Оваа историја не може така да се затвори. Барам од Јавното обвинителство да покрене обвинение, со цел целосно расветлување, напиша Рама на својот профил на Фејсбук.
Според албанските медиуми, кои се повикуваат на „Мадр Џонс“, поранешниот офицер на КГБ, Евгениј Шерементјев преку наводно непостоечка компанија „Биниата Транде“ во САД уплатил милион долари на сметката на американскиот лобист Ник Музин во корист на албанските демократи за време на ланските јунски парламентарни избори.
Демократскот лидер Љуљзим Баша веднаш ги демантираше ваквите информации, тврдејќи дека не ја познава спомената компанијата.
- Руската опасност доаѓа од Рама. Ова што го прави не е ништо друго, тука обид да се отргне вниманието на јавноста од катастрофалното владеење на Владата, рече Баша.
Инаку, „руска салата“, како што уште го нарекува Рама овој случај, според телевизијата Топ чанел, стана аргумент со кој власта се обидува да ја оцрни опозицијата.
Ново на Сител
-
Османи: Во рамката ќе стои македонски јазик и тој станува официјален во ЕУ
-
Пендаровски го свика Советот за безбедност за францускиот предлог
-
Казни во Пефкохори за оние кои оставаат предмети на плажа за да си чуваат место
-
Костадиновска-Стојчевска: Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола континуирано се реставрира
-
Ковачки: Власта со новиот предлог ги прифаќа сите бугарски барања, да кажеме НЕ
-
ВМРО-НП: Францускиот предлог со ништо не го загрозува македонскиот јазик и идентитет
-
Екстази, кокаин и марихуана пронајдени кај 18 лица на музички фестивал во Дојран
-
Генерал Каволи е новиот командант на американските сили во Европа