Рама: НАТО треба да воспостави контрола над северниот дел од Косово
Албанскиот премиер Еди Рама во изјава за „Фајненшл тајмс“ оцени дека НАТО треба повторно да воспостави контрола врз северно Косово, повикувајќи ги западните лидери да го решат „бескрајното лудило меѓу балканските земји“.
– НАТО треба повторно да воспостави контрола над северно Косово или ќе се соочи со континуирано насилство меѓу етничките Срби и етничките Албанци во регионот, изјави албанскиот премиер за ФТ.
Рама, чија земја е членка на воената алијанса, разговараше со ФТ по судирите во Бањска каде загинаа најмалку четири лица, од кои еден косовски полицаец. „Косово е жариште.
Таа стана ничија земја со текот на годините каде што сите видови злосторства се комбинираат со растечкиот национализам. Границата меѓу криминалот и политиката е нејасна“, вели Рама.
Весникот потсетува дека НАТО веќе соопшти дека ќе распореди колку што се потребни мировни трупи за да се стабилизира ситуацијата, при што Германија и Велика Британија ветија стотици војници покрај постојните сили од 4.
500 војници за да го задржат регионот под контрола. И косовските и српските водачи, исто така, го повикаа НАТО да го засили своето присуство и да ги смири тензиите.
Рама се залагаше за „конференција на високо ниво“ во која ќе бидат вклучени лидерите на Франција и Германија и повторно ангажирање на САД.
– Тоа е најдобриот (начин) да се излезе од ова бескрајно лудило, вели тој. Албанскиот премиер рече дека укажал на влошената безбедносна ситуација во Косово уште за време на самитот на НАТО во јули.
Целта, рече тој, е „целосно признавање на Косово во ЕУ и во Обединетите нации. Не е лесно да се промени текот на историјата, тоа бара лидерство.
Но, ако Франција и Германија можат да го направат тоа (по Втората светска војна), ако Саудиска Арабија и Израел можат да го направат тоа, тогаш знаеме дека тоа може да се случи“.
Ново на Сител
-
Во Тетово одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
-
Јаневска: Имаме одговорност да создаваме еколошки едуцирани генерации
-
Си и Путин објавија заедничка изјава во која ги нападнаа САД
-
Трамп именува водителка на Фокс Њуз за привремена главна обвинителка на Вашингтон
-
Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува
-
Во Москва почна парадата на победата над фашизмот, Путин: Наша должност е да ја браниме руската армија
-
ЕУ амбасадорот во Белград: ЕУ ја сака Србија, но бараме реформи
-
Силјановска Давкова: Генералка викенд треба да прерасне во Генералка 365 дена, штитејќи ја природата се штитиме себеси