Рама најави легализација на марихуаната за медицински цели

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека речиси една година се работи на подготвка на закон за легализација на марихуната за медицински цели во Албанија.
За таа цел, како што вели, се консултирале со најдобрите странски и домашни експерти.
– Веќе една година работиме на овој нацрт-закон, кој ќе биде готов набрзо. Ние не работиме без да се консултираме со странски и наши експерти на високо ниво. Главната работа што ја правиме е консултација со други кои имаат искуство за тоа. Ние не измислуваме ништо, учиме од другите. Нацрт-законот многу набрзо ќе биде готов и ќе биде ставен на јавна расправа, идентично како и нацрт-законот за фискална амнестија кој најпрво се дискутира со неколку меѓународни институции, рече Рама на заедничката прес – конференција со евроамбасадорот Луиџи Сореца.
Според Рама, во многу европски држави, меѓу нив и Северна Македонија, марихуаната е легализирана за медицински цели.![]()
Албанија е позната по големото нелегално производство на марихуана, која главно завршува на пазарот во западно европските земји.
Последните години, како што се проценува, се произведуваат по стотина тони марихуна, поради што од „Колумбија на Балканот“ сега го носи епитетот „Колумбија во Европа“.
Поради се поголемо производство во недостапните планински предели, полицијата првпат почна да користи дрон за нејзино откривање
Ново на Сител
-

Финтек револуција во Македонија: Flex Pay официјално доби лиценца за издавање електронски пари од Народната банка
-

Србија не треба да се откажува од преговорите за членство во ЕУ, нагласува потпретседателката на српскиот парламент
-

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик
-

Лавров: И покрај изјавите „ништо реално не се случува“ во односите меѓу САД и Русија
-

Казината најмалку 500 метри од училишта, забрането нивно рекамирање, од кладилниците се отстрануваат апаратите
-

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето
-

Годишен извештај за работата на РКЕ во 2025 година: За 8,34 отсто зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година
-

Повредата на Дончиќ е посериозна отколку што претходно се мислеше
