Рама на партискиот Конгрес: Во Брисел одиме со крената глава
Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, на денешнот партиски Конгрес, својот говор го започна со пораката дека во Брисел следната недела ќе одат со крената глава и оти доколку има грчко вето „нема да се врати вознемирен, туку уште погорд на Албанија и помотивиран да продолжат на патот до ЕУ“.
- Одиме во Брисел следната недела, на состанокот на Европскиот совет за Западен Балкан, со крената глава за сите заслуги на Албанија, за сите резултати јасно подвлечени во Извештајот на ЕК и поздравени од 26 земји од ЕУ. Само една земја сè уште го суспендираше своето мислење, не поради непобитните резултати на Албанија, туку поради неоснованите традиционални балкански причини во соседските односи, Грција. Историјата е позната, нема потреба да се повторува нашиот став денес. Став кој ниту се менува до 13 декември ниту ќе се менува после 13 декември, рече Рама, алудирајќи на ставот околу прашањето „Белери“, со кое Грција ја условува евроитеграцијата на неговата земја.
Порача дека доколку се случи ветото од страна на Грција, од Брисел нема да се врати вознемирен.
– Доколку се случи, нема да се вратам од Брисел вознемирен, туку ќе се вратам уште погорд на Албанија и помотивиран да ги продолжиме заедно големите дела на нашиот заеднички дом, дури и поубеден дека таквата апсурдност нема да го одложи нашето членство во ЕУ и да се подготвиме за ЕУ, порача Рама.
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух