Рама ја повика опозиција да прифати директен мониторинг на парламентарните избори на 18 јуни
Албанскиот премиер, Еди Рама, денеска ја повика опозицијата да го прифати предлогот за директен мониторинг во реално време на парламентарните избори на 18 јуни и да се согласи да учествува во нив, пренесоа американските медиуми.
Албанскиот премиер, кој е и лидер на Социјалистичката партија, изјави дека Владата предложила директен мониторинг на процесот на гласање со работна екипа, составена од претставници на опозицијата и набљудувачите од ЕУ, САД и ОБСЕ.
Опозицијата од февруари ја бојкотира работата во албанскиот Парламент со барање Рама да поднесе оставка пред изборите на 18 јуни, пред се, заради стравувањата дека неговиот кабинет ќе манипулира со гласањето.
Европските претставници не успеаја да ја убедат опозицијата да со смени својот став.
Ново на Сител
-
СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-
Младите масовно се иселуваат, истокот старее
-
Охрид во хумана мисија
-
Велосипедски патеки има, но не и доволна велосипедска култура
-
Преглед на вестите од свет
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан