Рама: Изјавата за заеднички претседател на Албанија и Косово е извадена од контекст
Албанскиот премиер Еди Рама по лавината реакции и осуди околу неговата изјава за „заеднички претседател на Албанија и Косово“, се обиде да се оправда дека тоа била само негова мечта и оти е извадена од контекст.
- Не дадов никаква изјава. Еден слободен говор е изваден од контекст и се претвори во политичка програма. Во обраќањето во овој случај, си дозволив да делувам со имагинација, каква може да биде 20-годишнината од независноста на Косово. Тоа е национален спорт, но исто така и интернационален, се вади еден збор од контекстот и потоа се создава приказна. Но, верувам дека никој не ме спречува да мечтаам. Што се однесува до артикулацијата, како тоа може да се случи од законодавна гледна точка, мојата фантазија не стигна до таму, изјави Рама за тиранската телевизија Топ чанел.
На изјавата остро регираше Европската комисија која ја оцени како несоодветна и како политичко мешање во соседните земји, што не помога во градењето на добрососедски односи.
Косовскиот премиер Рамуш Хараднај денеска од Митровица му порача на Рама „да ја развие Албанија, а не да мм продава ум на Косово“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка