Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана

Албанскиот премиер Еди Рама денеска го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на управата на полицијата за Тирана, Елтон Аљуши.
Разрешувањето на двајцата високи полициски раководители според образложението е бидејќи ” за протестите на опозицијата, посебно синоќешниот, не презеле соодветни мерки и не успале да го обезбедат јавениот ред и мир”.
Опозицијата наместо протест синоќа одржа неколку часовен марш во чиј тек учесниците фрлаа молотови коктели во контејнери за отпад уништувајќи најмалку педесетина, како и кон поранешната вила на комунистичкиот претседател Енвер Хоџа, сега културен центар, во чии простории имало и американски уметници.
На местото на Прода, кој на оваа функција беше назначен на 2 октомври 2024 година, привремено е поставен Сокол Бижга, кој од 2022 година ја извршуваше функцијата заменик-генерален директор на државната полиција.
Ново на Сител
-

Помала државна партиципација за реновирани студентски домови, нови квоти за стипендии
-

Како да се надмине родовиот јаз помеѓу мажите и жените?
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
-

Преглед на вестите од светот
