Рама: ЕУ ги прекрши ветувањата, членството во ЕУ како „Чекајќи го Годо“
Албанскиот премиер Еди Рама, во ексклузивно интервју за познатиот германски весник „Билд“, ги обвинува шефовите на државите членки на Европската унија за блокирање на пристапот на неговата земја и на Северна Македонија.
ЕУ ги „прекрши ветувањата“ и води до „раздор“ меѓу народите на Балканот со „политички цинизам“. Како во „Чекајќи го Годо“, вели Рама во ексклузивниот напис под наслов „Само се зборува, но ништо не се случува“.
-Тоа беше долго негувана амбиција на нашите нации, Албанија и Северна Македонија, да се приклучат на Европската унија и на тој начин да им овозможат на нашите граѓани да имаат корист од слободниот пазар и да учествуваат во оваа голема демократија. Дозволете ми да разјаснам една работа: како премиер на Албанија, целосно знам дека не сме подготвени денес да влеземе во Европската унија, ниту Северна Македонија или остатокот од Западен Балкан, дека има многу барања кои двете земји треба да ги исполнат за да станат членки на ЕУ, вели Рама.
Но, додава и двете земји ги исполниле неопходнте услови за да го започнат преговарачкиот процес.
– Но, нашите две нации, Албанија и Северна Македонија, ги исполнија сите, дури и повеќе неопходни услови за вистински да го започнат преговарачкиот процес со Брисел.
За таков почеток на преговорите одлучи и самиот Совет на ЕУ во 2018 година, посочува Рама за германски „Билд“ пренесува Топ чанел.
Ново на Сител
-
Горивата поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар
-
Во близина на семејната куќа во село Ореше пронајден мртов 60-годишен маж
-
Кривична пријава за едно физичко и две службени лица поради проневера во службата
-
Вкупно 895 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 273 за брзо возење
-
Директорот на Геријатрила барал 100.000 евра мито, предложил пациентот да продаде стан за да дојде до бараната сума
-
Привршува судскиот процес против Мерко за набавката на автомобил „Ауди А6“
-
Во зелениот картон ставил 5 евра, упасен грчки државјанин на Табановце
-
Министерката Божиновска учествува на ESG Adria Summit 2025 во Тиват