Рама е дециден дека новиот Национален театар ќе биде изграден
Албанскиот премиер Еди Рама повтори дека новиот национален театар ќе биде изграден и покрај протестите заради уривањето на стариот.
„Во оваа земја ниту едно малцинство не може да држи никого и ништо како заложници. И покрај почитувањето на една помала група театарски актери и политичари кои никогаш не влегле во театар, туку се навикнати од се да прават театар, новиот национален театар ќе биде изграден како дел од планот на владата и нејзината одговорност“, напиша Рама на Твитер, коментирајќи го вчерашниот протест на граѓаните и актерите кои се противат на уривањето на старата зграда на Националниот театар на Албанија.
Против уривањето на театарот застана и албанската опозиција, која, исто така, учествуваше во вчерашните протести пред зградата на театарот.
Лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша рече дека уривањето на театарот претставува „криминален проект“, укажувајќи дека театарот ги штити актерите.
Албанскиот претседател Илир Мета до Уставниот суд достави барање за прогласување за неуставен на Законот за уривање на театарот.
Демонстрантите вчера, во текот на протестот, се судрија со полицијата, но сепак успеаја да се пробијат и влезат во зградата на театарот.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден