Рама: Денот на знамето на Албанија осамна во темница

Со куса објава на својот профил на Фејсбук, албанскиот премиер Еди Рама го одбележа денешниот национален празник Ден на знамето, со зборовите дека денот осамна во темнината што привремено ја покри земјата.
Денот на црвеното знаме влезе во темнина која привремено нè опкружува, пред да зајде сонцето. Господ нека ја благослови Албанија, Албанците без разлика каде и да се наоѓаат, без оглед на нивните верувања и најубавото знаме на светот, секако, напиша Еди Рама на Фејсбук.
По повод Денот на независноста, кој Албанија го одбележува како Ден на знамето, во земјата беа планирани повеќе настани, но Рама вчера рече дека по катастрофалниот земјотрес денеска и утре треба да бидат солидарни.
Во меѓувреме, албанското Министерство за одбрана соопшти дека досега во земјотресот загинале 40 лица, а најмалата жртва е тригодишно дете. Повредени се 650 луѓе.
Според спасувачките екипи, се помали се шансите под урнатините да бидат пронајдени уште преживеани луѓе.
Ново на Сител
-
Приведен возач во Штип, возел со 2,10 промили алкохол во крвта
-
Муцунски на одбележување на 30-годишнината од Дејтонскиот договор
-
Во Северна Кореја уапсени три лица поради неуспешната промоција на воен брод
-
Илиоски ја одбрани титулата светски првак
-
Најмалку три лица загинаа во рускиот напад со дронови врз Киев
-
Облачно и свежо време со повремен дожд и северен ветер
-
Средба Гаши - Ал Субаие: Подготвеност за продлабочување на соработката во рамки на Парламентарното собрание на Медитеранот
-
ДИА: Путин е убеден дека ќе победи во војната во Украина