Рама бара итно објаснување за изјавата на Гутереш каде Косово не се споменува како држава
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на изјавата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој договорот меѓу Косово и Србија го нарекува договор меѓу „Белград и Приштина“, јавија албанските медиуми.
Тие додаваат дека на официјалната веб-страница на Обединетите нации е објавена изјавата на Гутереш со која се поздравува договорот во Охрид, но во ниту еден случај не се споменува Косово како држава.
Рама прашува „дали се работи за грешка или лапсус и бара итно објаснување“.
„„Белград и Приштина“?! Сериозна грешка или лапсус. Официјално име е „Договор за нормализација на односите Косово-Србија“ и би било неприфатливо доколку генералниот секретар намерно не го употреби точното име. Ве молам дадете веднаш објаснување“, пишува Рама.
На 18 март во Охрид, по повеќе од 12 часа преговори меѓу премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беше постигнат договор за Анексот за спроведување на Европскиот план за дијалог, но без потпис на странките. Сепак, шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека договорот и анексот за негова имплементација се сметаат за одобрени.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
