Ракот требало да го убие за неколку недели, но заблагодарувајќи се на оваа диета жив е веќе неколку години
Роб Мубери успеал да се избори со лошите прогнози на лекарите поради ракот, според нив му останале уште неколку недели живот па сега милиони луѓе зборуваат за храброста на овој човек.
Иако поради ракот од кој боледувал му предвидувале само уште неколку недели, тој традиционалниот третман го заменил со сурова веганска храна. Неговата приказна станала позната кај луѓето откако неговата сопруга Аманда објавила пост кој го споделил пејачот Тим МекГрав.
Откако му е констатиран 4. стадиум рак на црева и ректум 2012. година, по зборовите на лекарите му останале уште неколку недели живот. Поранешниот бармен кој својата жена ја запознал додека работеле во Лас Вегас, превземал храбар чекор кога престанал со традиционалниот третман и преминал на сурова веганска исхрана.
Аманда подоцна на Фејсбук објавила статус во кој напишала дека преминувањето на холистички пристап на лечење направил чудо и ракот се намалил за 80 проценти. Кантри пејачот наишол на видео и го споделил на својот профил како и многу други случаи и снимки од своите фанови претходно.
Роб и Аманда основале фондација која се бави со пружање на помош на семејства на лица болни од рак кои немаат пари да се борат со опасната болест.
Во објавеното видео Аманда објаснила како тие двајца се запознале во 2011. година, и дека по еден месец излегле на состанок, а по 5 месеци почнале да живеат заедно. Роб набрзо по тоа почнал да се чувствува лошо и по посетата на неколку лекари дијагностициран му е колоректален рак. Една ноќ во болница тој ја запросил а таа прифатила.
По првата доза хемотерапија Роб не покажал никакви знаци на подобрување, поради што одлучиле да ја одбијат втората доза и да пробаат холистичко лекување. Иако лекарите му рекле дека се наивни, по само три недели веганска исхрана неговиот рак се повлекол за 80 проценти. До крајот на 2014 година не имало трага од болеста.
- Лудо е кога ќе помислите дека пред неколку години се било против вас, но тоа покажало дека љубовта може да направи чуда, рекла Аманда.
Ново на Сител
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе