Ракописи со стихови на Дејвид Боуви одат на аукција, цена: 115.000 евра
Ракописи на Дејвид Боуви со стихови на две негови песни би можеле да достигнат цена од 115.000 евра на претстојното наддавање закажано за утре, соопшти аукциската куќа „Омега окшнс“ од Њутн-ле-Вилоус, Велика Британија.
Листовите хартија содржат нацрти, исправки и белешки на покојниот пејач од пишувањето на „Rock n’ Roll Suicide“ и „Suffragette City“. Тие две песни се дел од албумот „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars“ од 1972 година. На аукција пред извесно време се продаде страница од рачно напишаните стихови на Боуви на неговиот хит „Starman“ за повеќе од 190.000 евра.
Листовите со песните на Дејвид Боуви, се проценети на 57.000 до 115.000 евра. Боуви, инаку, почина од рак на црниот дроб на 69-годишна возраст во јануари 2016 година.
Наддавањето ќе вклучува и „песнарка“ што му пррипаѓала на Ноел Галагер од „Оазис“, и содржи стихови на „She’s Electric“, „Going Nowhere“, „Step Out Tonight“, „Rockin’ Chair“ и „Champagne Supernova“. Ќе се продава и страница со рачно напишани стихови од пејачот на „Дорс“ – Џим Морисон, како и гитари, засилувачи и ракописи од разни музичари.
Ново на Сител
-
Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
-
Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција
-
Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца
-
Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори
-
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
-
Полицаец фатил 15-годишник како вози па бил нападнат од него и неговиот татко
-
Малолетник силувал 14-годишник во Карпош
-
Полицијата уапси три лица во Скопје, пронајдена марихуана, прашкаста и грутчеста материја