Ракопис на Боб Дилан продаден на наддавање за 508.000 долари
Нацрти на една од најпознатите песни на Боб Дилан – „Mr. Tambourine Man“, отчукани на машина, е продаден на аукција за 508.000 американски долари. Пожолтените два листа, инаку, содржеле три верзии на стиховите на песната, коишто на крајот не завршиле во крајната и снимена верзија, пренесува „Дедлајн“ (Deadline).
Листовите содржат белешки рачно напишани од Боб Дилан. Песната, за којашто се верува дека е напишана 1964 година, го достигна првото место на „Билборд хот 100“ (Billboard Hot 100) и исто така беше на врвот на листите во Обединетото Кралство. По Дилан, песната ја преработи групата „Брдс“.
И приказната на музичкиот новинар Ал Ароновиц за тоа како настанала песната е вклучена во продажбата. Ароновиц, имено, пишува како Дилан дошол во неговиот дом и ја минал ноќта пишувајќи и уредувајќи го текстот на машината за пишување што била во куќата.
На наддавањето беше на продажба и тексас-јакната што Дилан ја носеше во филмот „Огнени срца“ (Hearts in Fire) (1987), како и некои други негови нацрти. „Би-би-си“ пренесува дека аукциската куќа продала предмети во вредност од речиси 1,5 милиони долари.
Ново на Сител
-
Четири малолетнички нападнале своја врсничка, која ја познавале, а настанот го снимиле со телефон и го споделиле на социјални мрежи
-
61-годишен прилепчанец измамен за 175.000 денари, го убедиле дека инвестира во криптовалути
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на настрешница на Железничката станица во Нови Сад
-
Силувано 12 годишно девојче во валандовско
-
Украл пари и други производи од продажен објект - гостиварчанец приведен за тешка кражба
-
Герасимовски: Центар ги исчисти улиците во Маџир маало каде надлежност има градот Скопје
-
Три лека од оние што недостасуваат се очекуваат денеска и утре на УКРО
-
Мицкоски: Унгарскиот кредит за компаниите ќе придонесе за задвижување на економијата