-->
-->
Ракометниот куп за мажите во Охрид, за жените во Автокоманда
-->

Ракометната федерација на Македонија денеска ги одреди локациите и термините за одигрувањето на завршните натпревари од Купот на Македонија во двете конкуренции.
Завршниот турнир во машка конкуренција ќе се игра во Охрид во салата „Билјанини Извори“, додека домаќин на завршниот турнир во женска конкренција ќе биде Скопје и салата „Автокоманда“.
Воедно беа одредени и термините за одигрувањето на натпреварите.
Куп на Македонија (мажи):
Полуфинале: Металург – Вардар Јуниор (13 мај, петок, 17:30 часот)
Полуфинале: Охрид – Вардар (13 мај, петок, 20:00 часот)
Финале: (14 мај, сабота, 17:30 часот)
Куп на Македонија (жени):
Полуфинале: Вардар Јуниор – Металург (13 мај, петок, 14:00 часот)
Полуфинале: Вардар – Куманово (13 мај, петок, 16:15 часот)
Финале: (15 мај, недела, 17:00 часот)
Трофеите во Купот на Македонија ги бранат екипите на Вардар во двете конкуренции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
-

Голем интерес за викенд куќи под Беласица, Ново Село од 13 парцели инкасираше 5,7 милиони денари
-

Наскоро се очекува да профункционира домот за стари лица во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
