-->
-->
Ракометарките ги почнаа подготовките за дуелите со Словенија
-->
Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ги почна подготовките за претстојните два дуела од квалификациите за Европското првенство 2016 година. Нашата репрезентација за противник го има тимот на Словенија.
На првиот тренинг отсуствуваше капитенот Елена Ѓорѓиевска, поради мала лекарска интервенција, додека поради повреди селекторот Симе Симовски неможе да смета на Јована Саздовска, Зорица Десподовска и Ангела Тодоровска.
- Подготовките се одвиваат според зацртаната програма. Во претходниот период во договор на двата клуба (ЖРК Вардар и ЖРК Металург) имавме заеднички тренинзи и контролни натпревари што беше позитовно, а така ќе продолжиме и понатаму. Во нашата група сите селекции против нас се фаворити. Очекувам да одиграме добри натпревари, изјави селекторот Симовски.
Репрезентативките тренираат во СРЦ „Кале“ двапати на ден, до заминувањето за Словенија. За Марибор нашата репрезентација заминува во среда, а првиот дуел се игра во четврток во 17:30 часот. Натпреварот во Скопје е закажан за сабота во 20 часот и ќе се игра во СРЦ „Кале“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа
-
Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија
-
Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје
-
Лазарини: Од Рафа побегнаа 800.000 луѓе, нема безбедно место во Газа
-
Пронајдени телата на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис
-
Северозападна Индија ја зафати топлотен бран, температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен
-
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патиштатa