-->
-->
Ракометарите ги почнаа подготовките
-->

Машката ракометна репрезентација попладнево ги почна подготовките за претстојните два дуела од квалификациите за Европското првенство 2018 во Хрватска. Во среда Македонија ја пречекува селекцијата на Украина, а потоа во сабота и гостува на Чешка.
На првиот тренинг селекторот Лино Червар ги немаше дел од ракометарите кои играат во странство, а кои поради натпреварите со своите екипи на селекцијата треба да и се приклучат во текот на утрешниот ден.
За почетокот на квалификациите селекторот Червар изјави:
- Ова е нов старт на нов циклус на квалификации. Наша желба е да играме на големите натпреварување. Од овие два дуела одиме чекор по чекор, затоа најважно е на почетокот да извојуваме победа над Укрина, а дури потоа ќе мислиме на Чешка.
Репрезентацијата до дуелот со Украина ќе одржи три тренинзи (два во понеделник и еден во вторник). Натпреварот Македонија – Украина се игра во среда во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

При претрес на стан пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин и поголема количина ЛСД
-

Франција: Портокалов метеоаларм поради горештини издаден за два департмани
-

Денес топло со мала до умерена облачност
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
