-->
-->
Рајола: Заканите погрешен чекор на Милан
-->

Менаџерот на голманот Џиџи Донарума, Мино Рајола, открива дека неговиот клиент не го продолжил договорот со Милан бидејќи чувствувал „закани од страна на клубот“.
Рајол рекол дека спортскиот директор на Милан, Масимилијано Мирабели, константно го притискал Донарума да потпише нов договор заканувајќи му се дека доколку тоа не го направи „целата сезона ќе ја мине на трибините“.
Според Рајол, клубот на Донарума му поставил рок до 13 јуни да реши дали ќе го продолжи договорот.
„Згрешив што веднаш не ја прекинав оваа пеколна машина. Донесовме одлука што не ја сакавме. Не станува збор за пари. Ни се закануваа“, рекол контроверзниот менаџер.
Од друга страна, извршниот директор на Милан, Марко Фасоне, ги негираше тврдењата на Рајола со напомена дека постапката на менаџерот може да го чини клубот 100 милиони евра.
„Нашата позиција е непроменета, Донарума нема да го продадеме, тој ќе биде во тимот наредната сезона. Сепак, како што стојат работите не смееме да ризикуваме, ќе мора да најдеме и нов голман. Оваа непријатна ситуација можеше да заврши без последици по клубот“, рекол Фасоне.
Тој дополнил дека доколку Донарума се премисли, клубот и навивачите таквата одлука ќе ја дочекаат со „раширени раце“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
