-->
-->
Рајн-Некар и Мешков Брест го отвораат 12. коло во ракометната Лига на шампионите
-->
Со натпреварот меѓу германскиот Рајн-Некар и белорускиот Мешков Брест, кој ќе се игра попладнево од 18.30 часот, ќе биде отворено 12. коло во ракометната Лига на шампионите.
Ова е натпревар од Б групата во која во сабота македонскиот шампион Вардар пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“ ќе игра против словенечкиот Целје.
Истиот ден ќе играат и ППД Загреб – Кристијанштад, додека за в недела е закажана средбата Киелце – ПИК Сегед.
Двојките од А групата се: Веспрем - Висла Плок, Кил – Силкеборг, ПСЖ – Кадетен Шафхаузен (сабота) и Барселона – Фленсбург (недела).
Табела - А група: Барселона 20 бода, ПСЖ 18, Веспрем 12, Фленсбург 11, Кил 11, Висла Плок 8, Силкеборг 4 и Кадетен Шафхаузен 2.
Табела - Б група: Вардар 16 бода, Рајн-Некар 15, Киелце 14, Пик Сегед 13, Мешков Брест 12, Цеље 7, Кристијанштад 6, ППД Загреб 5.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата