Рајмондс Вејонис стапи на должноста претседател на Летонија

Поранешниот летонски министер за одбрана Рајмондс Вејонис денеска стапи на должноста претседател на Летонија со полагање заклетва пред членовите на Парламентот во Рига, јави ТАСС.
- Се колнам дека целата моја работа ќе биде посветена за доброто на летонскиот народ. Ќе направам се што е во моја моќ за да придонесам за благосостојбата на летонската држава и нејзините граѓани, изјави Вејонис.
Тој беше избран на 3 јуни со тајно гласање во Парламентот со 55 гласови од вкупно 100 пратеници. Кандидатурата на поранешниот министер за одбрана беше поддржана од владејачката коалиција Сојуз на зелените и фармерите, како и од дел од пратениците на партија Единство.
Рајмондс Вејонис е роден во 1966 година во Псковската област, во Русија. Неговата мајка е Русинка. Тој заврши Биолошки факултет на Летонскиот универзитет. Од 1990 година е член на Сојузот на зелените и фармерита. Во 2006 година првпат е избран за пратеник, а по парламентарните избори во 2014 година стана министер за одбрана.
Ново на Сител
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
