Рахој: Владата може да се справи со надворешното мешање во регионалните избори
Шпанскиот премиер Мариано Рахој изјави денеска дека е уверен оти неговата Влада може да се справи со надворешните обиди за мешање во претстојните регионални избори во Каталонија, што ќе се одржаат на 21 декември.
Тој не прецизираше какви безбедносни мерки ќе бидат преземени, но истакна дека граѓаните ќе гласаат „со целосна слобода“.
Како што јави МИА, претходно шпанската министерка за одбрана Долорес де Коспедал изјави дека шпанската Влада анализира кој стои зад дезинформирањата во однос на Каталонија, во момент кога Мадрид се сомнева дека лажните информации протекуваат од Русија и од Венецуела.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги отфрли инсинуациите како неосновани, додавајќи дека загриженоста на Шпанија звучи како „продолжение на американската хистерија“
Ново на Сител
-
Меџити: Има добра волја за уставни измени
-
Ковачки: СДСМ да ја поддржи стратегијата
-
СДСМ: Сиљаноска да одговори зошто помилува тешки криминалци
-
Шест нови авио линии
-
Перински: Никој жив не може да пресмета колку должи ЈСП
-
ССМ охрабрени по ветувањата што им ги дал премиерот
-
Владата не очекува раст на цените
-
Трипуновски: Исплата на сите заостанати субвенции