Рахој ќе преговара со социјалистите за формирање нова шпанска влада

Шпанскиот премиер Маријано Рахој по победата на неговата Народна партија (ПП) на вчерашните предвремени парламентарни избори, најави дека негов приоритет ќе бидат разговорите за формирање влада со опозициската Социјалистичката работничка партија на Шпанија(ПСОЕ).
Како што јави ДПА, конзервативната ПП ги надмина сите предизборни прогнози, освојувајќи 137 пратенички места во 350-члениот Парламент, останувајќи најбројна парламентарна партија.
Сепак, на Рахој му треба коалициски партнер за да обезбеди апсолутно мнозинство и да формира стабилна влада.
- Јас ќе водам разговори со сите политички фактори, но прва меѓу нив ќе биде ПСОЕ. Нам ни треба поддршката од социјалистите за главните прашања, изјави денеска Рахој за локалното радио „Кадена КОПЕ“.
ПСОЕ, која инаку е втора по голема партија во Шпанија, долго време одбиваше каква и да било коалиција со конзервативците.
Вчерашните парламентарни избори се одржаа само шест месеци по претходните, кои политички ја парализираа Шпанија, бидејќи ниту една од партиите не освои мнозинство гласови, а потоа тие не можеа да се договорат за коалиција.
Ново на Сител
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
-

Преглед на вестите од светот
