-->
-->
Рафиња во Барселона
-->
– Шпанскиот фудбалски гигант Барселона објави денеска дека го договорил трансфер на бразилскиот фудбалер Рафиња (25) од премиерлигашот Лидс.
За комплетирање на трансферот преостанува уште Рафиња да ги мине рутинските лекарски прегледи.
Финансиските детали од договорот не се објавени, но шпанските медиуми наведуваат дека висината на обесштетувањето изнесува 58 милиони евра, кое во зависност од дополнителните бонуси би можело да порасне и до 68 милиони евра.
За бразилскиот репрезентативец беа заинтересирани и Челзи и Арсенал, но Рафиња се одлучи за Барселона.
Рафиња е трето засилување во редовите на каталонскиот гигант во летниот преоден рок по Франк Кеси и Андреас Кристенсен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани