Рафајловски: Прагот за одданочување физички лица со само милион денари бруто приход годишно, мора да се смени!
Да се зголеми прагот со кој физичките лица стануваат ДДВ обврзници, бараат експертите. Со постојното законско решение границата е многу ниска и се притискаат сите граѓани со бруто приход повеќе од милион денари да станат самостојни вршители на дејност или да преминат во фирми. Најголем трошок за овие лица ќе биде ангажирањето на сметководител. Тие сега ќе мора да имаат книга на влезно излезни фактури, евиденција за плаќање на ДДВ и да поднесуваат годишна даночна пријава, што значи ќе подлежат на исти инспекциски контроли како и фирмите. Според Рафајловски, небулози се тврдењата дека ќе се врши поврат на данокот на овие лица, бидејќо тие само ќе го книжат, а фирмата која ги ангажира ќе го плаќа и пребива.
- Што значи може да им дојдат во контрола и да им побараат – Дајте ми ја книгата на влезни и излезни фактури, дајте да видам колку вие сте платиле ДДВ и дали точно е платено и пресметано, дали имате фатура повеќе или помалку. Тоа е проблем а не е проблем во плаќањето и пребивањето бидејќи на крајот ефектот е нула. Статистички податок.
Рафајловски објаснува дека двојно оданочување има само во случаите кога физичкото лице фактурира со ДДВ, а другото лице или фирмата со која соработува не е ДДВ обврзник.
- Пример уметник ќе направи свое дело и бил платен еднаш оваа година- тој ќе биде ДДВ обврзник и следната година можеби нема да има приходи воопшто но ќе мора на крај да дојде и да поднесе макар и празна ДДВ пријава. Мора да се даде поголема слобода во тоа што све се оданочува, единствени неоданочени се продажба на имот, дивиденда ( капитални добивки) и членови на надзорен одбор. Сите други приходи се оданочуваат и тоа создава кога е низоки праг оп+теретување кај физичките лица.
Од Владата велат дека сеуште прават анализи и ан некоја од следните седници ќе одлучат дали ќе го зголемат прагот или ќе остане ист.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар