Раџнат Синг: Пакистан е терористичка држава

Индискиот министер за надворешни работи Раџнат Синг денеска индирекно го обвини Исламабад дека е одговорен за нападот на вооружените исламистички милитанти врз базата Ури во индиската сојузна држава Џаму и Кашмир, изјавувајќи дека „Пакистан е терористичка држава“.
- Пакистан е терористичка држава и треба да биде посочена како таква и изолирана, изјави Синг, коментирајќи го нападот во кој беа убиени 17 индиски војници, а 35 други беа ранети.
Како што јави ДПА, нападот врз базата го осуди и индискиот премиер Нарендра Моди, кој нагласи дека оние што стојат зад него ќе бидат казнети.
- Решително го осудиваме кукавичкиот терористички напад во Ури. Ја уверувам нацијата дека оние кои стојат зад овој трагичен напад, нема да минат неказнети, напиша Моди на својот наког на Твитер.
Нападот врз базата Ури западно од градот Сринагар, во близна на линијата на разграничување меѓу Индија и Пакистан во регионот Кашмир, беше извршен денеска во раните утрински часови, кога тешко вооржени напаѓачи навлегле на индиска територија од Пакистан и упаднале во воениот објект.
Во базата одекнувале експлозии и неколку часови по нападот, предизвикувајќи повеќе пожари.
Нападот врз базата Ури доаѓа по насилните демонстрации во индискиот дел на Кашмир, против индиската управа на дел од оваа територија под Хималаите. Во протестите што траат веќе два месеци, досега загинаа околу 80 лица.
Спорот меѓу Индија и Пакистан околу Кашмир, кој главно е населен со муслимани, трае повеќе од 60 години. По независноста на двете земји, Кашмир е поделен на пакистански и на индиски дел, но мслиманите во индискиот дел на регионот бараат припојување на целата територија кон Пакистан.
Властите во Њу Делхи за немирите во Џаму и Кашмир го обвинуваат Пакистан, тврдејќи дека оваа земја ги потикнува екстремистите да вршат напади во индискиот дел на регионот.
Ново на Сител
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
-

Мицкоски: Интензивно се работи делот од Кичево до Охрид, ќе биде готов во планираниот рок до првиот квартал в година
-

Јаневска: Со законските измени ќе се санкционираат родителите чии деца се насилни, но и родители што ќе одбијат да соработуваат со училиштето
-

Лавров: Неколку земји побараа членство, но БРИКС нема да брза со проширување
-

„Инстаграм“ воведува „Инстанти“ - 24-часовни објави со слики што ќе се гледаат само еднаш
-

Низок ризик од појава и ширење на хантавирус во државата, велат од Комисијата за заразни болести
